Доаѓа заладување, засилен северен ветер и слаб снег

Доаѓа заладување, засилен северен ветер и слаб снег

Во претпладневните часови, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а преку денот со засилен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и од запад ќе започнат врнежи од дожд, кои на места ќе бидат и поројни. Преку ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни во западните и северните делови каде на повисоките места ќе преминуваат во снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен. Максималната температура ќе достигне 16 степени Целзиусови.

Во следните три денови, се очекува пад на температурите, особено во вечерните часови. Ќе дува засилен северен ветер, со слаби локални врнежи од снег, а минималната температура ќе се спушти до -10 степени.

Прочитајте повеќе

Температура Топломет

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 67,9 отсто

Трансмисијата на бактерии и вируси е лесна, брза и едноставна во затворени простории, а периодов …