По повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април,  градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, ги додели наградите на најдобрите ученици Роми во Делчево за учебната 2020/21.

Најдобар средношколец Ром во Делчево е Џастин Мемедов, ученикот во 4-3 клас гимназиско образование  со просек 4,73 и примерно поведение во СОУ „М.М Брицо“ и тој од Општина Делчево добива парична награда од 10.000 денари. По 5.000 денари  добија најдобрите ученици Роми во основното образование: Јасин Мемедов, ученик во 9 одделение во ООУ „Ванчо Прке“ и Селина Бекирова ученичка во 6 одделение во ООУ „Св.Климент Охридски“ .

На средбата со учениците, градоначалникот Трајковски им го честита празникот и успесите во образовниот процес и истакна дека овие парични награди на најдобрите ученици Роми во Делчево се традиционални и претставуваат мотивација на учениците да постигнуваат подобри резултати во образованието.

Ценејќи дека соодветното образование е една од алките кои дава можност за конкурентност на пазарот на трудот и основа за понатамошен индивидуален професионален развој и со цел мотивација за постигнување подобри резултати во образованието кај ромската заедница, традиционално по повод Меѓународниот ден на Ромите, Општина Делчево ги наградува одличните ученици Роми во образовните институции. Верувам дека со успеси во образованието и натпревар во знаења може да се оствари посакуваната цел во животот , рече Трајковски.

Воедно, градоначалникот Трајковски упати честитки до ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април, истакнувајќи дека Општина Делчево посветено работи за социјална кохезија, решавање на инфраструктурните проблеми во населбите каде што претежно живеат Роми, но и за инклузија на ромското население во сите сфери од општественото живеење.