Минатиот викенд беа соопштени имињата на наградените учесници на конкурсот „Trash for Art“ за изработка на уметнички дела создадени од амбалажен отпад, кој беше спроведен од страна на „Пакомак“. Пријавените дела конкурираа во три категории: поединци, основни училишта и градинки.
Во конкуренцијата на поединци, првата награда ја освои Ангела Бошкоска од ООУ „Добре Јованоски“ од Прилеп со делото „Папагал”, кај основните училишта победник беше ПОУ „Гоце Делчев” од Неготино, додека во категоријата на градинки, на пиедесталот се искачи ЈОУДГ „Борис Трајковски“ од Демир Капија.
Тимот кој на ова натпреварување со успех го претставуваше ООУ „Добре Јованоски“ го сочинуваа Сузана Дарковска, Ангела Бошкоска, Маја Најдоска, Николина Шубеска, Јасмина Илиоска, Викторија Бошкоски, Верче Чакмакоска, Софија Бошеска и Анета Таневски.
Како што велат организаторите, целта на конкурсот „Trash for Art“ е да ги потсети граѓаните на нашата земја дека отпадот може да заземе различна форма и да добие нов живот, благодарение на умствената креативност и вештиот допир.