Доделени наградите за најдобрите пионерски екипи од турнирот во мал фудбал „Свети Никола 2019“

Денеска во големата собраниска сала на Општина Прилеп, градоначалникот Илија Јованоски им ги додели наградите за освоеното прво и второ место на пионерските екипи, учесници на турнирот во мал фудбал „Свети Никола 2019“.

Првото место од генерацијата 2005/2006 и’ припадна на екипата „Ивовод“, а второто на фудбалската школа „Тони“.

Во генерацијата 2007/2008, најдобри беа младите фудбалери на ФК „Битола“, додека второто место го освоија играчите на прилепската екипа “Тргачо“.

Екипата на ФК „Перак“ беше најдобра кај фудбалерите од генерацијата 2009, а вицешампионското место им припадна на фудбалерите на ФК „Победа“.

Дел од фудбалскиот турнир беа и пионерите од генерацијата 2010/2011, каде првото место го осовои „Фото студио Дано – Академија Пандев“, пред второпласираната екипа на „Ресторан Сокаче – Еврогол“.

За освоеното прво место во четирите пионерски категории, играчите на првопласираните екипи добија дуксери, а второпласиранте поло маици.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …