Договорoт за името, ако се постигне, ќе се потпише во Преспа

Договорoт за името, ако се постигне, ќе се потпише во Преспа

Двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас, денес ќе имаат тет-а-тет средба во Софија.

И во двете земји постои воздржан оптимизам, па и владитe со последните изјави само ја нагласуваат важноста и неизвесноста на резултатот од средбата, но и најавуваат дека има уште време и простор за конечен договор.

Според грчките медиуми, тој договор, без разлика кога ќе се постигне, наводно веќе е договорено заеднички да се потпише во Преспа.

Ципрас вели дека е оптимист и не ги крие големите очекувања од средбата со неговиот македонски колега, иако рече дека „последните чекори се секогаш најтешки“.

Заев, пак, уште повоздржано изјави дека „ова е добар момент да потврдиме што сè е до сега постигнато“.

Ако може да се концентираат двете оценки околу шансите за договор, тогаш излегува дека во Атина сметаат дека „чашата е до половина полна“, а во Скопје дека „чашата е до половина празна“.

Прочитајте повеќе

РКЕ разгледува нов модел за евтина тарифа на струјата

РКЕ разгледува нов модел за евтина тарифа на струјата

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) подготвува анализа на постојниот моделна блок-тарифи и евтината тарифа за …