Дојави за бомби утрово добиле над 100 српски училишта

Дојави за бомби утрово добиле над 100 српски училишта

Учениците и вработените се евакуирани, а наставата во прва смена во овие училишта била прекината

Дојави за подметнати експлозивни направи утрово преку електронска пошта биле испратени до 78 основни и 37 средни училишта во Белград, објавија српските медиуми, повикувајќи се на соопштение на Министерството за образование на Србија.

Учениците и вработените се евакуирани, а наставата во прва смена во овие училишта била прекината до завршување на полициските проверки. Во некои училишта каде проверките се завршени, наставата се одвива без проблем, пренесе српската редакција на Би-би-си.

Во соопштението на српското Министерство за образование се додава дека во координација со Министерството за внатрешни работи, директорите на училиштата ќе добијат информации околу одлуката за попладневната смена.

Анонимните дојави за бомби не се реткост на Балканот. Периодов дојави имаше и во Бугарија и Црна Гора. Кај нас, пак, во тек е вештачењето во однос на дојавите што во периодот од октомври минатата година до март годинава ги имаше во основните и средните училишта, но и во други институции.

Дојавите за бомби во белградските училишта следуваат две недели по масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“, кога седмоодделенец уби десетмина – девет ученици и вработен во обезбедувањето на училиштето.

Прочитајте повеќе

Парламентарни избори во Хрватска како вовед во „суперизборната година“

Парламентарни избори во Хрватска како вовед во „суперизборната година“

Во Хрватска денеска (17 април) се одржуваат редовни парламентарни избори на кои право на глас …