полиција

Дојави за поставени 50 бомби на повеќе локации во Белград

Бројни дојави за бомби се пријавени денес за повеќе важни објекти во српската метропола, Белград. Оваа информација ја потврди и српското Министерстви за внатрешни работи за Еуроњуз на српски јазик.

Електронски пораки со заканувачка содржнина испратени од наводна „Азовска античетничка бригада“, во кои е наведено дека се поставени бомби на 12 локации низ Белград биле проследени и до неколку медиуми меѓу кои и редакцијата на Данас.рс која објави принтскрин.

Според пренесената порака, девет бомби биле поставен во Студентскиот дом на булеварот Крал Александар, една бомба во Амбасадата на Белорусија (Делиградска 13), 17 бомби во Трговскиот центар Ушче на булеварот Михајло Пупин, две бомби во КФЦ на Студентскиот плоштад, девет бомби на аеродромот Никола Тесла, од кои четири на паркинг за цивилни автомобили, шест бомби во трговскиот центар Делта Сити на улица Јуриј Гагарин, една бомба на Филозофскиот факултет на вториот кат, четири бомби во зградата на Ректоратот, две бомби во Универзитетот за уметности во Косанчичев Венец 29, три бомби во болницата во Земун (Вукова 9), една бомба во обложувалница Меридијанбет (Гандијева 76а) и две бомби во обложувалницата Меридијанбет на Народни Херои 30.

Во електронската порака, покрај низата закани и пцовки, како и ословување „вие четнички говеда“, се споменуваат и поддржувачите на Жељко Ражнатовиќ Аркан, Воислав Шешељ, Вук Драшковиќ и „Вагнеровци“.

За редакцијата на Данас засега е потврдено дека мејлот со известувањето за поставените експлозивни направи е испратен до Ректоратот на Универзитетот во Белград и дека зградата е евакуирана.

Од Ректоратот на Универзитетот за уметности за „Данас“ велат дека таква порака не добиле, а за дојавата засега не се информирани ниту во Студентскиот центар Белград. Како што изјави директорот на СЦ Белград Горан Миниќ, во последно време се случува да добиваат известувања за поставени бомби од полицијата, а не директно на електронската адреса на еден од домовите.

Деканот на Филозофскиот факултет во Белград, Данијел Синани, за Данас потврдил дека на електронската адреса на факултетот стигнала пораката за поставените бомби и дека зградата е евакуирана.

Минатата недела, три дена по ред имаше дојави за бомби и во скопските средни училишта, но тие беа со поинаква содржина и од други имејл адреси.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …