Доказите се кристално јасни, ОЈО веднаш да отвори истрага за тендерите на Стефан Андоновски

Доказите се кристално јасни, ОЈО веднаш да отвори истрага за тендерите на Стефан Андоновски

Соопштение за јавност на СДСМ

Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет за судир на интереси, непотизам и корупција во врска со тендерите во Министерството на Стефан Андоновски.

Првиот чекор на ДКСК е во вистинска насока, но сега е потребна завршница на предметот и вклучување на Јавното обвинителство. Правда мора да има!

Доказите се кристално јасни: фирмата на сопругот на Клинчарова, која е Државен секретар во министерството на Андоновски, добила два тендери, а министерот Андоновски е потписник на договорите.

Ова е очигледен случај на судир на интереси и основано сомнение за корупција. ОЈО мора вендша да отвори истрага.

Тендерските мрежи на ДПМНЕ мора да бидат разобличени, а одговорните санкционирани.

СДСМ нема да дозволи оваа афера да биде заташкана – секој чинител во оваа криминална мрежа мора да одговара пред законот!

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче: Владата работи спротивно на интересите на граѓаните, Радовиш е една од општините каде може да победиме

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вчера се сретна со граѓаните и членовите на СДСМ во …