Имаше многу пациенти кои не веруваа во оваа болест. Општо кажано, во нашите краишта имаме многу ниска медицинска култура, не се грижиме толку за нашето здравје за разлика од поразвиените земји. Кај нас медицинската едукација е сведена на минимум и затоа се соочуваме со проблеми, со голем број на срцеви болни, на кардиолошки и пулмолошки болни, а сега посебно имаме ситуација кога дел од луѓето не веруваат дека ковид-19 постои, или се убедени дека е некоја вештачка творба и дека се прават експерименти, вели доктор Бобан Вучевски во интервјуто за „Вистиномер“.
Тој од почетокот на пандемијата се грижи за пациентите кои се лекуваат во Ковид центарот при Клиничката болница Тетово. За пожарот во модуларната болница вели:
„Тоа беше голем стрес и трагедија за сите нас, мислам дека некои моменти не можат да се заборават“.
Интервјуто може да го прочитате тука.