Донација од 30 таблети за ученици од ООУ „Добре Јованоски“

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски и директорот на Ромскиот образовен фонд, Реџеп Али Џупи, денеска на 30 ученици од ООУ „Добре Јованоски“ им поделија 30 таблети со 10 гб интернет, за следење на наставата од далечина.

„На ученици од ромската етничка заедница денеска им се доделуваат таблети, кои ќе им користат за реализација на онлајн наставата, како што е предвидено со наставната програма.Им се заблагодарувам на сите учесници во овој проект, за помошта во образовниот процес на ромските деца. Како и досега, Општина Прилеп и јас како градоначалник, и во иднина ќе овозможиме со финансиски средства да го одржиме образовниот процес“, изјави градоначалникот Јованоски.

„Бордот на Ромскиот образовен фонд во март донесе одлука за формирање ургентен фонд, кој што е на располагање на 16 држави, со цел да се помогнат учениците и образовните системи што е можно поуспешно да се справат со пандемијата. Во првата фаза која се имплементира од јуни до август, се доделува техничка опрема преку таблети и интернет. Целта е да им се овозможи на учениците дополнителна настава, која ќе ги пополни празнините кои се појавија во текот на реализацијата на онлајн наставата и да се поддржат родителите да ги запишат нивните деца во повисок степен на образование. Генералната цел е да превенираме да не се откажат учениците кои во образовниот процес беа на различен начин поддржани од нашата фондација, имајќи ја во предвид ситуацијата со која се соочуваме“, потенцираше директорот на Ромскиот образовен фонд, Реџеп Али Џупи.

Акцијата за доделување на користење на таблети на 30 најзагрозени деца од ромската етничка заедница кои се вклучени во основното образование, е дел од проектот „Подобрување на средината за учење на учениците во основно образование“, финансиски е поддржан преку ургентниот фонд на Ромскиот образовен фонд.

Партнерски организации на Ромскиот образовен фонд се „Асоцијација за демократски развој на Ромите од Тетово“ и „Рома Перспектив“ од Прилеп.

Децата се идентификувани од страна на службите при самото училиште и партнерската организација „Рома Перспектив“ од Прилеп.

Прочитајте повеќе

мицкоски

СДСМ: Мицкоски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

Соопштение за јавност на СДСМ Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола …