ДОНЕСЕНА ПРВАТА ПРЕСУДА ПРОТИВ ОСНОВНО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА ИСПЛАТА НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ОДБРАНА ВО ИСТРАГА

ДОНЕСЕНА ПРВАТА ПРЕСУДА ПРОТИВ ОСНОВНО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА ИСПЛАТА НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ОДБРАНА ВО ИСТРАГА

Пишува: адв.Жарко Стеваноски

Наплатата на трошоците на бранителот во текот на истрагата која завршила со запирање на постапката, секогаш била проблем во практикување на одредбите од ЗКП кои се однесуваат на трошоци на кривичната постапка. Тоа се должеше пред се на малиот буџет со кој јавното обвинителство на РСМ располагаше низ текот на годините и, од осамостојувањето до денес, практично ЈО беше приморано селективно да одлучува околу висината на трошоците и времетраењето на постапката за нивна наплата.

Интересно во постапката е тоа што Државниот правобранител, како застапник по закон на јавното обвинителство, ја застапуваше тезата дека ОЈО има донесено решение за трошоците на постапката, па со донесување на судска пресуда би се дуплирале извршните исправи за едно исто побарување. Притоа, занемарувајќи го фактот дека јавното обвинителство не е орган кој може да произведе извршна исправа во смисла на одредбите од Законот за извршување.

Ова е прва судска пресуда со ваков правен основ. Се надевам дека ваквата судска пракса ќе им користи на голем број колеги-адвокати околу начинот на кој можат да ги надоместат трошоците настанати во текот на истрагата која била запрена по било кој основ, за кои до вчера мораа да ургираат на поинаков начин за нивна исплата од јавното обвинителство.

Прочитајте повеќе

цук пожари

Во изминатото деноноќие регистрирани 22 пожари на отворено, осум сè уште се активни

Вкупно 22 пожари на отворено биле евидентирани во последното деноноќие, а од нив утрово се …