• Импресум
  • Контакт
  • Политика на приватност
Оди на...
    ПУБЛИКУМ ПУБЛИКУМ
    • Почетна
    • Македонија
      • Прилеп
      • Партиска хроника
      • Фејсбук статус на денот
      • Избрани твитер статуси
      • Писма од читатели
    • Глобус
    • Пари
    • Анализа
    • Интервјуа
    • Колумни
      • Чеге Вара
    • Магазин
      • Спорт
      • Техника
      • Авто-мото
    Оди на...

      Донесени законите за заштитени сведоци, за ОТА и за следење на комуникациите

      12/4/2018
      Македонија
      Донесени законите за заштитени сведоци, за ОТА и за следење на комуникациите

      Собранието денеска усвои дел од реформските закони од планот „3-6-9“ на Владата за кои беше потребно двотретинско мнозинство.

      Законите неколку месеци не беа ставани на дневен ред затоа што најголемата опозициска партија реши да ја бојкотира работата на Собранието.

      Прв со 86 гласа „за“, без против и воздржани беше изгласан Законот за заштитени сведоци. Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека партијата за овој закон дала 11 предлози и со нив се направила интервенцијата во законот што бил предложен од СДСМ.

      По завршувањето на 22 седница, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја отвори 41 седница на која на дневен ред беа законите за ОТА (Оперативно техничка агенција) и законот за следење на комуникациите. Формирањето на ОТА беше изгласано со 87 гласа „за“ без против и воздржани, а за Законот за следење на комуникациите во второ читање гласаа 86 пратеници.

      Трајко Димков од ВМРО-ДПМНЕ рече дека опозицијата за овие закони доставила повеќе забелешки помеѓу кои биле вклучени и забелешките на стручната јавност.

      – ВМРО-ДПМНЕ се вклучи во преговорите за овие законски решенија. Имавме повеќе забелешки и барем половината од нив беа прифатени и имплементирани во законите. Се надеваме дека овие закони ќе дадат мир на граѓаните и нема да се повторат сериозните проблеми како што се случија два пати во минатото. Сериозно ќе ја следиме имплементацијата на овие законски решенија и ќе обрнеме внимание на кадарот кој ќе се постави – рече Димков.

      Пратеничката од СДСМ, Фросина Ташевска Ременски рече дека со овие закони за прв пат во Македонија системот за следење на комуникации ќе има најголема законска регулација.

      Џафери на крајот на седницата рече дека за Законот за судовите, Законот за јавното обвинителство и Законот за кривична постапка кои требаше да бидат изгласани денеска, дополнително ќе закаже седница бидејќи треба да се усогласат текстовите помеѓу владејачкото мнозинство и опозицијата.

      Извор: МЕТА

      Споделете :
      • Facebook
      • Twitter
      СДСМ: Расипништвото и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ беше единственото економско цунами
      Следно
      СДСМ: Расипништвото и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ беше единственото економско цунами
      Османи на средба со Могерини: Ги испорачавме реформите, очекуваме позитивен извештај
      Претходно
      Османи на средба со Могерини: Ги испорачавме реформите, очекуваме позитивен извештај

      Слично

      • 22/2/2019

        Јованоски: Младите треба да го имаат чувството на припадност, државата

        Јованоски: Младите треба да го имаат чувството на припадност, државата и општините треба да направат амбиент да ги задржат младите
        22/2/2019

        Стои ли пропагандата против вакцинирањето зад смртта на трите бебиња

        Стои ли пропагандата против вакцинирањето зад смртта на трите бебиња од морбили?
        22/2/2019

        Општина Битола: Санирани ударните дупки на коловозите на над 30

        Општина Битола: Санирани ударните дупки на коловозите на над 30 улици
      • Почитувај ја функцијата, не мора личноста што ја извршува
        Почитувај ја функцијата, не мора личноста што ја извршува
        22/2/2019
      • “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        19/2/2019
      • Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        18/2/2019
      Дозволено е превземање со наведување на изворот и линкување. 2016 Публикум МЕДИА