„Донирај го својот стар компјутер“, акција на Општина Крушево

Општина Крушево ја започна акцијата „Донирај го својот стар компјутер“, чија цел е обезбедување на компјутери за социјално ранливи семејства, за епречено следење на онлајн наставата. Оваа акција е продолжение на претходната, кога беа доделени 30 таблети.

За таа цел, општина Крушево ги повикува сите граѓани, здруженија и претпријатија да донираат персонални или преносни компјутери кои се во функција, а кои бидат наменети на семејства со социјален ризик. Исто така, локалната самоуправа ќе обезбеди одреден број на лаптопи.

Сите заинтересирани компјутерите кожат да ги достават до општина Крушево. Повеќе детали за акцитата можат да се добијат на телефонските броеви:

++389 48 477 061

++389 48 477 046

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …