Драган Илиевски е нов в.д. директор на Зоолошката градина во Скопје

Драган Илиевски е новиот вршител на должност директор на Зоолошката градина во  Скопје назначен од скопската градоначалничка Данела Арсовска, информираат од Град Скопје.

Илиевски има повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор. Дипломиран машински инженер е на Машинскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а има завршено магистерски студии по економија, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Илиевски доаѓа на позицијата по разрешувањето на претходниот директор Кристијан Стаменов. Скопската градоначалничка го разреши директорот на 14 јули годинава откако Вистиномер.мк објави дека во скопската зоолошка градина се убиваат коњи и мазги за прехрана на лавовите.

Прочитајте повеќе

Дизелот поскапува за 2 денара, бензините остануваат со истата цена

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) донесе одлука за …