Драгана Коцевска е новата претседателка на младите кумановски социјалдемократи

На синоќешната Конференција на ЛК на СДММ на Куманово, Драгана Коцевска ја доби довербата да ги предводи младите кумановски социјалдемократи во следните две години.

Покрај претседател, на Конференцијата беа избрани и членовите на Извршниот и Надзорниот одбор на ЛК на СДММ Куманово.

На изборот на новото раководство на Локалниот клуба на млади присуствуваа и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пратениците на СДСМ од Куманово, Лидија Тасевска и Мартин Костовски, претседателот на Општинската организација Александар Тушевски, како и првиот човек на Социјалдемократската младина на Македонија, Марко Михаилоски.

Драгана Коцевска е дипломиран правник, магистер по казнено право, вработена во Државниот инспекторат за транспорт.

Прочитајте повеќе

ИО СДСМ: Иницијатива и отворен повик за формирање на Европски фронт, започнува постапка за избор на кандидат за претседател

Соопштение за јавност на СДСМ На вчерашната седница на Извршниот одбор СДСМ започна иницијатива за …