Дронот што се урна во Загреб носел експлозив

Дронот што се урна во Загреб носел експлозив

Беспилотното летало од советско време кое се урна во Загреб на 10 март, откако прелета над териториите на Романија и Унгарија, носел импровизирана експлозивна направа.

Исто така, на оригиналната црвена боја на ѕвездата на крилото на леталото, тој што го лансирал, ја применил жолтата и сината боја на украинското знаме.

Ова во четвртокот на прес-конференција во Загреб го соопштија Државното правобранителство и воени и полициски експерти, кои ги презентираа првите резултати од едномесечната истрага.

Недалеку од Загреб, леталото започнало маневар за слетување, но експертите не можеле да потврдат дека целта е Загреб. Се претпоставува дека поради некоја причина настанала грешка при слетувањето.

Јурица Илиќ од државното правобранителство во Загреб нагласи дека истражувањето било фокусирано на причините за падот, додека истрагата за тоа кој го лансирал авионот и од каде точно дошол и натаму продолжува.

Началникот на секторот за криминалистичка воена полиција, Марио Починок, рече дека НАТО сè уште не бил информиран за резултатите.

На 10 март во 23 часот беспилотното летало произведено во 80-тите години на минатиот век во поранешниот СССР се урна во јужниот дел на Загреб, на околу 50 метри од Студентскиот дом „Стјепан Радиќ“.

Истрагата веднаш утврди дека се работи за извидувачки авион, кој до падот во Хрватска минувал низ воздушниот простор на две земји-членки на НАТО.

Леталото паднало во парк-шумата и се забило длабоко во земјата, па немало сериозни оштетувања – оштетени се четириесетина автомобили кои биле паркирани во близина, а експлозијата ги разбудила и ги вознемирила студентите.

Следниот ден и украинските и руските власти негираа дека леталото било под нивна контрола.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …