ДРВО ЗА БЕСЕЊЕ

ДРВО ЗА БЕСЕЊЕ

Колумната не се препорачува за деца под 77 години

Неопходен е надзор на родител или старател

 

Влезот на разулавената маса во највисокиот законодавен дом беше моментот на вистината за состојбите во нашата држава. Верувам дека после таа тажна априлска вечер, во Македонија не остана нормален човек кому не му е јасно кој и на каков начин управува со оваа наша имитација од држава.

Сакајќи да ги реши “комуњарите“ и “шиптарите“, Грујо си даде автогол со пета. Убеден сум дека ситуацијата му избегала од контрола и дека намерата му била малку поинаква. Оти колку и да е смртно исплашен од сознанието дека мора да ја предаде власта и да оди во затвор, нему му е совршено јасно дека ескалацијата на насилничкото однесување на неговите платеници значеше ставање „точка на ј“ на неговото еднодецениско владеење.

Не дека чедото на мајка Нада има “меко“ срце па му падна жал за крвничкото претепување на пратениците, туку проблемот е што тоа се случи премногу “транспарентно“. Видео снимките го обиколија светот. Онакво нешто не се случило ниту во државите со покревка демократија и со поригиден режим од нашиот. Токму затоа пораките кои најмоќните европски дипломати му ги упатија нему и на претседателот Иванов се јасни, директни и кажани без нараквици. Оние пак кои високиот претставник на Стејт Департментот им ги “шепна“ на двајцата, уште долго ќе одекнуваат во нивните уши. Од тие причини, најавеното ретерирање на “железниот“ Хорхе е вовед во разврска на лудилото.

Да резимираме: со Македонија управува мафија. На врвот на пирамидата е Грујо, кој “ведри и облачи“ и во партијата и во државата, без чие знаење неговите поданици не смеат ни да се почешаат. Но тоа никако не значи дека тие се цвеќиња за мирисање кои случајно се заплеткале во “пајаковата мрежа“. Бате Саше, Чавков, Трајко Вељаноски, Илија Димовски… подзаборавените Јанкуловска, Јанакиески, Протуѓер, Тодоров, Канчевска-Милеска…“ ситните риби“ Мукоски, Бетмен, Дурловски, Дамовски… и уште стотици други градоначалници, актуелни и бивши функционери и други криминалци од злосторничкото здружување мора да се соочат со правдата.

Некои од  нив ќе одговараат за велепредавство и терористичко загрозување на уставниот поредок, други за убиства, трети за потпалување и ширење на меѓуетнички тензии, четврти за криминал од епски размери… Вистината за организираното рушење на државата мора да излезе на виделина. И сето тоа треба да биде направено низ институциите на системот. Но не во овие и вакви институции, туку во од корен реформирано обвинителство и судство. И понатаму со ред…

Ако се прашуваат граѓаните, после сето она што го изнесоа на плеќи, после сите неправди и понижувања кои им ги приредија Грујо и неговите поданици, повеќе од сигурно е дека тие работата би ја завршиле на поедноставен и поефективен начин. По примерот на некогашниот “див запад“, каде на убијците, пљачкашите на банки и коњокрадците им се пресудувало за час. Повозрасните се сеќаваат на легендарниот Гари Купер и вестернот „Дрво за бесење“. Нам очајнички ни треба едно такво дрво, на кое еден по еден би ги ределе сите злотвори кои ни украдоа по една деценија од нашите животи. Судејќи според нивниот број, многу е веројатно оти ќе ни требаат дузина такви дрва, оти едно не би ја завршило работата. За почеток би можеле да висат со нозете пругоре, што би им помогнало на животот да гледаат од една поинаква перспектива. Поприземна и пореална.

И колку кажаното некому да звучи сурово, за многумина од злосторничкото здружување не постои доволна строга казна која би ја задоволила правдата. Оти меѓу нив има мизантропи кои не заслужиле да ја газат земјата. Сетете се само на Смилковско езеро, на Мартин Нешковски, на малата Тамара, на кумановските настани, на заканите со ендеци, со војна, на хистеричното смеење после апсењето на брат Љубе, на рушењето милионски инвестиции со динамит, на хилтите…

Раните на главите на Заев, Радмила, Села, Оливер… ќе заздрават. Ќе останат лузните на нашите души од бесрамното и нехумано владеење на мафијашката братија. Прошка за никој, казна за сите. До еден. И оставете ја настрана тезата дека сите нив ќе ги стигне “божјата казна“. Верувам дека Бог ќе си го направи своето, ама и судовите нешто мора да работат.

КПД „Идризово“ широко ги отвора портите за новите станари!

Автор:

Чеге Вара                                    Прилеп, ебаго!…….(149)                  

Прочитајте повеќе

НЕ ГЛЕДАЈ ШТО ПРАВАМ, СЛУШАЈ МЕ ШТО ЗБОРУВАМ

НЕ ГЛЕДАЈ ШТО ПРАВАМ, СЛУШАЈ МЕ ШТО ЗБОРУВАМ

Колумната не се препорачува за деца под 77 години Неопходен е надзор на родител или …