Државата извршила поврат на ДДВ од 145 милиони евра кон фирмите од почетокот на годинава

Државата извршила поврат на ДДВ од 145 милиони евра кон фирмите од почетокот на годинава

Државата извршила поврат на ДДВ од 145 милиони евра кон фирмите од почетокот на годинаваОд почетокот на годинава, заклучно со април, фирмите добиле поврат на ДДВ од 145 милиони евра, информираат од Министерството за финансии. Тоа е за 16,7 отсто повеќе во однос на претходната година. Само за месец април 2020 година, повратот на ДДВ кон компаниите е 38 милиони евра или за 23 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.

„Во однос на 2018 година повратот на ДДВ за периодот јануари април е зголемен за 19,4 отсто, додека во однос на 2017 за високи 67,6 отсто повеќе“, се наведува во соопштението на Министерството за финансии.

Министерката за финансии Нина Ангеловска посочува дека во услови на најголемата здравствено-економска криза, клучно е одржувањето на ликвидноста на стопанството. Брзиот поврат на ДДВ е една од редовните активности кои се преземаат во таа насока.

„Кон подобрување на ликвидноста на фирмите се дејствува и преку мерките кои ги донесе Владата во двата сета антикризни мерки, како бескаматните кредити од линиите „Ковид 1“ и „Ковид 2“ на Развојната банка на Северна Македонија, во вкупен износ од 13,7 милиони евра, коишто се од големо значење бидејќи ги таргетираат микро, малите и средни претпријатија. Наскоро преку комерцијалните банки ќе биде пласирана линија евтини кредити во износ од 51 милион евра“, велат од Министерството за финансии.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Тевдовски, Узунов, Беџети, Бишев

Економски експерти со предлог решенија и политики за нов концепт на водење на економијата во државата

Вчера, се одржа јавна дискусија „Нова ера, нова надеж“ кадешто се разговараше за нов концепт …