Државата ќе овозможи помош и за кожарско преработувачката и текстилната индустрија

Прес конференција на Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ:

Овозможуваме подеднакви услови за економски развој за сите компании кои што се подготвени да инвестираат и да работат во Македонија.

На иницијатива на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, денеска, Комисијата за економски прашања усвои амандман на Предлог-законот за финансиска поддршка на инвестиции, кој овозможува со финансиска поддршка да бидат опфатени деловните субјекти од кожарско преработувачката и текстилната индустрија.

На овој начин се зголемува опфатот на домашни компании и деловни субјекти кои што ќе можат да добијат поддршка за натамошен економски развој и напредок.

Деловните субјекти од кожарско преработувачката и текстилната индустрија, најдоцна во рок од две години од денот на влегување во сила на овој закон, може да поднесуваат барања за исплата на финансиска поддршка за реализирани оправдани инвестициски трошоци.

За разлика од досега, кога предност имаа само странските компании овој закон ќе овозможи подеднаква поддршка и на домашните и на странските компании.

Законот за финансиска поддршка на инвестициите претставува транспарентен механизам кој ќе обезбеди поддршка на многу поголем број на компании, пораст на економијата, што значи и нови работни места и повисок стандард.

Очекуваме со имплементација на овој Закон да се поттикнат нови инвестиции, компаниите технолошки да се развиваат, да отвораат нови работни места со подобри плати и да ја зголемат конкурентноста.

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …