Државата од патарините лани се офајдила со 40,5 милиони евра

Државата од патарините лани се офајдила со 40,5 милиони евра

Јавното претпријатие за државни патишта лани успеало да инкасира 40,5 милиони евра од наплатата на патарина на македонските автопати. Податоците од финансиските извештаи на ова јавно претпријатие за 2018 година велат дека државата успеала да извлече за 5% повеќе средства од граѓаните за патарина во споредба со 2017 година.

Ланскиот план на ова јавно претпријатие бил дури и поамбициозен, па така од наплатата на услугата за користење на автопатите било планирано да се соберат 44,6 милиони евра или за 4,1 милиони евра повеќе во однос на реално прибраните средства. И во првиот квартал од 2019 година од патарини се прибрани 7,7 милиони евра, односно за 6,2% повеќе во однос на истиот период лани.

Но, кога станува збор за подобрување на услугите за граѓаните, ЈП за државни патишта доцни со реализација на ветувањата. Електронската наплата на патарината требаше да се воведе во првата половина од 2016 година. Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов деновиве изјави дека наскоро ќе профункционира електронската наплата на патарините. За 20 дена се очекува да се пушти во употреба патарината кај Гевгелија, а наесен ќе биде готова и таа кај Демир Капија.

И додека електронската наплата на патарините од Коридорот 10 сѐ уште не е завршена, ЈП за државни патишта веќе се подготвува да објави дополнителен тендер за изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини долж Коридорот 8 и на автопатот Миладиновци – Штип.

Новиот кредит од Европската банка за обнова и развој е во висина од 15,3 милиони евра и со него се опфатени сите автопати што не се дел од Коридорот 10. Воедно, веќе петта година по ред се трошат 18,7 милиони евра за патарините од Табановце до Гевгелија, што значи дека за електронската наплата на патарините и нивно осовременување е предвидено да се издвојат дури 34 милиони евра.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …