полиција сообраќајка

Државјанин на Турција, осуден на 23 години затвор, уапсен во Скопје

А.С. (44) од Анкара, Турција, бил осуден за измама и навлегување во компјутерски систем

Државјанин на Турција, баран со меѓународна потерница од Интерпол поради бегство од затвор во Турција, вчера бил уапсен во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

А.С. (44) од Анкара, Турција, бил осуден на казна затвор во траење од 23 години, еден месец и 15 дена за измама и навлегување во компјутерски систем. Во моментов за доиздржување има 18 години, девет месеци и 13 денови. Полициски службеници го откриле и го уапсиле во една скопска населба. Како што информираат од Министерството А.С. е предаден на надлежниот суд, каде ќе се отвори постапка за негова екстрадиција во Турција.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Казните од по 50 илјади евра за картелско здружување на маркети се фарса

Казните од по 50 илјади евра за картелско здружување на маркети се фарса

По речиси една година истрага, Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) ги казни четирите големи …