ДРЖАВНИОТ АРХИВ ЈА ИЗДАДЕ КНИГАТА „ДОКУМЕНТИ ЗА РАЗВОЈОТ НА ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА (1944-1955)“

ДРЖАВНИОТ АРХИВ ЈА ИЗДАДЕ КНИГАТА „ДОКУМЕНТИ ЗА РАЗВОЈОТ НА ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА (1944-1955)“

Излезе од печат книгата „Документи за развојот на здравството во Македонија (1944-1955)“ во избор, вовед, предговор и редакција на д-р Габриела Топузовска и д-р Лидија Ѓурковска, со користење на архивска документација на Државниот архив.

Здравствените политики на македонските власти по ослободувањето се тема на ова издание, кое го опфаќа периодот после завршувањето на војната и формирањето на македонската држава во рамките на Југославија, кога новата народна власт била соочена со сериозни здравствени проблеми кај населението.

Помошта од Светската здравствена организација била од особено значење за здравствениот систем во повоена Македонија. Таа се состоела од опремување на здравствените установи за сузбивање на заразните болести, првенствено за ерадикација на маларијата, како и за оспособување на здравствените кадри. Многу важна била помошта од нашите иселеници во САД, Канада и Австралија, која била наменета за опремување на Клиничката болница и новоформираниот Медицински факултет. Свој придонес дало и локалното население, во вид на доброволна работа, како и скромен паричен придонес од поединци и установи. Помош пристигнала и од другите југословенски републики, кои пратиле свои лекари, фармацевти и друг средномедицински кадар.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …