Дујовски за „Телма“: Заканите со бомби се дел од хибридната војна што ја води Русија

Дујовски за „Телма“: Заканите со бомби се дел од хибридната војна што ја води Русија

Заканите за поставени бомби кои треба да создадат страв и паника кај граѓаните и недоверба во државните институции, не доаѓаат од ученици, туку се дел од глобалната хибридна војна на Русија против членките на НАТО, вели проф. д-р Никола Дујовски од Факултетот за безбедност во изјава за „Телма“.

„Овие хибридни закани се дел од хибридната војна која Русија ја води против овој дел од светот. Не смее никој да има дилема во такво нешто. Најголем дел од овие закани јас ги гледам како дел од хибридната војна која Русија ја води против земјите членки на НАТО. Ако ние сме последна земја која се приклучи на НАТО, сè уште ранливи во фазата на размена на информации и затоа веројатно ние сме и целта на овие напади најмногу, повеќе од сите други држави“, вели Дујовски, појаснувајќи дека практично не постои можност да се утврди од кое место во Русија се испраќаат.

Денеска го имавме „најновото продолжение“ од серијалот дојави за поставени бомби. Лажна дојава за поставена бомба денеска околу 09.30 часот добиле девет училишта во Скопје, а дојава имало и во Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити и ТЦ Ист гејт.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Брзата пруга заглавена во трансевропските коридори: Грандиозност во плановите, некомпатибилност на теренот

Брзата пруга заглавена во трансевропските коридори: Грандиозност во плановите, некомпатибилност на теренот

Иницијативата „Појас и пат“ започна со реализација пред 11 години, и до ден денес ги …