Дураки за загадувањето: Јас не се занимавам со граѓаните, Македонија не е Швајцарија

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки вели дека „не се бави со граѓаните“, на прашање на телевизија „Сител“, за тужбата што граѓаните ја подготвуваат против државата заради здравствените последици кои ги трпат поради загадувањето.

„Сега, јас не се бавам со граѓаните. Граѓаните може да се тужат, и тоа“, накратко одговори Дураки на прашањето, кој е неговиот став.

На констатацијата дека имаме големо аерозагадување, а мерачите не работат, министерот вели дека „Македонија не е Швајцарија.“

„Почнавме, еден чекор е напред, и тоа“, дополни Дураки.

На прашањето што конкретно се презема, само накратко рече дека, постои работна група која ќе ги каже чекорите и прв пат во Македонија има програма за аерозагадување.

Сепак, тој како министер не се наоѓа на чело на таа работна група на Владата иако, според ресорот кој го води тоа би било најлогично, туку на негово место е неговиот заменик, Јани Макрадули.

На прашањето на „Мета“ упатено до портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, зошто програмата на Владата за справување со аерозагадувањето ја промовираше заменик-министерот Макрадули, кој и претходно беше единствениот висок владин функционер кој зборуваше на оваа тема на сите јавни настапи и одговараше на новинарски прашања, и дали Македонија воопшто има министер за животна средина, кој по својата функција треба да превземе политичка одговорност за една така важна тема од сопствениот министерски ресор како прекумерното загадување на воздухот, добивме одговор: „Заменик министерот е назначен за координатор на телото за спроведување на стратегијата“.

Дураки вчера учествуваше на Третата министерска конференција за животна средина и климатска акција во Западен Балкан, организирана од Советот за регионална соработка (РСС) и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …