полиција

Двајца загинати во престрелка пред израелскиот конзулат во Истанбул

Најмалку двајца напаѓачи биле убиени, а еден бил тешко повреден во подолга престрелка меѓу полицијата и напаѓачите директно пред зградата во која е сместен израелскиот конзулат во Истанбул во вторникот, според медиумски извештаи и видео-снимки на Ројтерс.

На снимките на „Ројтерс“ се гледа како полицајци вадат оружје и бараат засолниште, додека се слушаат истрели најмалку 10 минути. Едно лице било покриено со крв.

Други снимки покажуваат наводен напаѓач како се движи меѓу паркирани бели полициски и безбедносни автобуси и пука неколку минути со автоматска пушка и пиштол. На блиските улици и тревнати површини лежеле две тела.

Медиумите објавија дека двајца полицајци биле повредени во инцидентот, кој се случил непосредно пред кулата во која се наоѓа израелскиот конзулат во финансискиот кварт на Истанбул.

Откако во 2023 година почна војната меѓу Хамас и Израел, во областа околу израелскиот конзулат се одржува силно вооружено полициско присуство.

Извор запознаен со случајот изјавил дека во моментов во Турција нема распоредени израелски дипломати.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Со новиот Закон за високо образование премиерот ќе ги задржува младите дома, студентите со критики

Со новиот Закон за високо образование премиерот ќе ги задржува младите дома, студентите со критики

На прес-конференција за Предлог-законот за високо образование, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека образованието со години …