Двајца новозаболени и петмина излекувани граѓани од коронавирус во општина Прилеп

Двајца новозаболени и петмина излекувани граѓани од коронавирус во општина Прилеп

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник 27 април:

  1. Во општина Прилеп денеска се евидентирани два случаи на новозаболени од КОВИД-19, додека петмина граѓани се излекувани од оваа заразна болест, со што вкупниот број на оздравени граѓани во општина Прилеп изнесува 29;
  2. На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 17 лица позитивни на коронавирус. Двајца од нив се на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика. Четворица пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Од нив, двајца се негативни на коронавирус, задржани се заради примање терапија за подобрување на нивната општа здравствена состојба, а на другите двајца земен им е брис и се чекаат резултати;
  3. Во самоизолација се наоѓаат 242 лица;
  4. Во деновите од викендот забележани се 5 нарушувања на полицискиот час.

Во Општина Прилеп пристигна донацијата од Министерството за здравство на Република Северна Македонија од 32.000 заштитни маски, која ја дистрибуираше Дирекцијата за заштита и спасување.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …