Две јавни претпријатија ќе ги бројат возилата што се движат на патиштата

Две јавни претпријатија ќе ги бројат возилата што се движат на патиштата

Мерењето на фреквенцијата на возилата е индикатор со кој се определуваат приоритетите за инвестиции во патиштата од страна на државните власти. Воедно, таа е и еден од петте параметри за определување на висината на патарината во земјава.

Покрај тоа што ЈП „Македонија пат“ со години наназад ја утврдува фреквенцијата на возила на македонските патишта, Јавното претпријатие за државни патишта од годинава и самото ќе ја мери бројката на возила.

Рачното броење на сообраќајот во наредните 12 месеци ќе се врши со мобилни бројачи, за што е склучен договор со Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии Скопје. ЈП за државни патишта ќе издвои 1.770.000 денари за броењето на возилата на патиштата, како и дополнителни 7 милиони денари за одржување на бетонските куќарки за броење на сообраќајот, се вели во договорите објавени на Електронскиот систем за јавни набавки.

Утврдувањето на просечниот годишен дневен сообраќај (ПГДС) на патиштата е едно од главните обврски на ЈП „Македонија пат“. Сепак, ова претпријатие се соочува со потешкотии при вршењето на ваквата задача. „Поради староста на пиезо сензорите и оштетената инсталација на некои автоматски бројачи при изведување на градежни работи на автопатиштата за реконструкција на асфалтната површина, на некои патни правци категоризацијата на возилата во 6 категории е изработена процентуално во однос на изминатите години“, се наведува во последниот Извештај за ПГДС за 2017 година.

Мерењето на фреквенцијата на возилата е важен индикатор со кој се определуваат приоритетите за инвестиции во патната инфраструктура од страна на државните власти.

Воедно, еден од петте параметри за определување на висината на надоместокот за патарина во земјава е фреквенцијата на возилата, чија вредност учествува во формирањето на износот за извозено растојание од еден километар. Во моментов, висината на надоместокот за изминат километар на автопатите со автомобил е 2,5784 денари.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …