Две награди за прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ на фестивалот во Куманово

Две награди за прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ на фестивалот во Куманово

Театарот „Војдан Чернодрински“ освои две награди на неодамна завршениот 25 фестивал „Денови на комедијата“ во Куманово: Димитар Ѓорѓиевски ја освои наградата за најдобар актер, за улогата на слугата Пеце во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки“, а Илина Ангеловска за најдобра сценографија во истата претстава.

Димитар Ѓорѓиевски вели дека ова му е прва поголема награда за актерска игра.

„Баш ми е кејф што наградата доаѓа на фестивал каков што е кумановскиот. Кумановчани се луѓе со неверојатен смисол за хумор и чувство за комедија, така што наградата таму, на фестивалот за комедија, има бонус значење. За да бидат работите поинтересни, јас во оваа претстава влетав на двапати. Еднаш пред премиерата, во улогата на Јосе и сега вторпат на фестивалот, во улогата на Пеце (на местото на Катерина Чакмакоска – Клинческа). Не учествував во подготовките целосно поради други ангажмани, ама ми беше задоволство да соработувам со режисерот Синиша Ефтимов на комедија и замолив да влезам во претставата, да се моткам во позадина и да помагам. Сега втор пат ја менувам Кате и со огромна помош и трпение од сите колеги, веројатно сум ја заменил без да и’ ја упропастам феноменалната улога.  Како и да е, благодарност до сите кои го препознаа трудот, кои помогнаа да се случи и кои веруваа во мене“, изјави Ѓорѓиевски.

„Да инспекторе, претстава со грешки“ во режија на Синишта Ефтимов, е хит претстава која од премиерата досега е одиграна петнаесетина пати, а следната изведба е планирана за 21 овој месец.

Прочитајте повеќе

УСС УКИМ со поддршка до колегите од Србија: Да се потсетиме дека неодамна и кај нас владееше режим

УСС УКИМ со поддршка до колегите од Србија: Да се потсетиме дека неодамна и кај нас владееше режим

„Да се потсетиме дека неодамна кај нас, исто така, владееше режим чија цел беше да …