DW: Многу очекувања од заедничката прослава во Рим

DW: Многу очекувања од заедничката прослава во Рим

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска заминува во посета на Италијанската Република и Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.Пендаровски за Рим ќе отпатува со државниот авион на Република Бугарија, заедно со бугарскиот претседател Румен Радев. Со него претходно ќе остварат средба на Меѓународниот аеродром Скопје, по што ќе заминат на заедничкото чествување на Светите браќа Кирил и Методиј. Утре Пендаровски и Радев ќе положат цвеќе во базиликата Санта Марија Маџоре, каде што во IX век папата Адријан Втори ги благослови азбуката и книгите напишани од светите браќа Кирил и Методиј. Двете делегации е планирано да имаат и одвоени средби со поглаварот на Римокатоличката црква, Франциско.

Иако поводот за посетата на Рим е заедничката прослава на делото на сесловенските просветители, сепак се очекува средбата да биде во насока на затоплување на односите меѓу двете земји, кои беа заладени поради спорот околу историските прашања и бугарското вето за македонските евроинтеграции. Претседателот Стево Пендаровски деновиве изјави дека заедничкото патување со Радев е еден добар симболичен гест од двете страни кој може да ја олабави атмосферата во пресрет на преговорите меѓу двете земји во врска со блокадата за членство во ЕУ. Бугарскиот претседател, пак, најави дека заедно со Пендаровски ќе објават јасна и заемна политичка волја дека ќе ги развиваат односите меѓу двете земји, во духот на довербатa, пријателство и добрососедство.

Текстот во целост можете да го прочитате на веб сајтот на DW.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …