ЏК „СЕИШИН“ Прилеп прогласен за најдобар странски клуб на џудо турнирот во Грција

ЏК „СЕИШИН“ Прилеп прогласен за најдобар странски клуб на џудо турнирот во Грција

Во организација на ЏК „Ираклис“, денеска во Солун, Грција, се одржа меѓународен турнир во џудо “Матсура Куп” за сениори/ки и ветерани.

Прилепскиот џудо клуб „Сеишин“на овој турнир учествуваше со вкупно 4 такмичари, при што освои 4 медали, од кои 3 златни и 1 бронзен.

Сениорки:

  1. Магдалена Најдоска 1 место
  2. Избаела Кузева 1 место

Сениори:

  1. Марио Цинцароски 3 место

Ветерани:

  1. Киро Здравески 1 место и воедно прогласен за најуспешен натпреварувач меѓу ветераните.

ЏК „Сеишин“ Прилеп е прогласен за најуспешен странски клуб на турнирот  за што е освоен и пехар!!!

На овој турнир екипата на ЏК „Сеишин“ ја предводеше и дебитираше во оваа улога помошник тренерот и асистент во клубот, Теодора Димеска која моментално не се натпреварува заради рехабилитација од повреда.

Прочитајте повеќе

Лијам Лосон Формула 1

Лијам Лосон ќе вози за тимот на РБ во Формула 1

Лијам е резервен возач на РБ од 2022 година, а дебитираше на Гран При во …