Џонсон: Ако Русија ја нападне Украина, руските компании нема да можат да тргуваат во фунти и долари

Џонсон: Ако Русија ја нападне Украина, руските компании нема да можат да тргуваат во фунти и долари

Соединетите американски држави и Британија имаат намера да им забранат на руските компании пристап до американски долари и британски фунти ако Кремлин започне со воена инвазија на Украина, изјави Британскиот премиер Борис Џонсон за БиБиСи, а пренесе Ројтерс.

„Планот што го гледаме е за нешто што може навистина да биде најголемата војна во Европа од 1945 година наваму само во однос на нејзните размери“, рече Џонсон.

Тој потенцираше дека во случај на руска инвазија, санкциите кон Русија ќе бидат поинтензивни од што претходно се сугерираше во јавноста.

Како што најави Џонсон, САД и Обединетото кралство ќе ја забранат „трговијата на руските компании во фунти и долари“, чекор кој според него ќе значи „голем удар“ и силно влијание.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Хутите повторно ja нападнаа Саудиска Арабија, додека преговорите за Ормускиот теснец се во застој

Хутите повторно ja нападнаа Саудиска Арабија, додека преговорите за Ормускиот теснец се во застој

Јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, започнаа нов бран напади врз Саудиска Арабија и …