Еден Азар промовиран во нов играч на Реал Мадрид

Досегашниот играч на лондонски Челзи, белгискиот фудбалер Еден Азар денеска на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ официјално беше промовиран во нов играч на Реал Мадрид.

„Сакам да им се заблагодарам на моето семејство и на претседателот Флорентино Перез. Едвај чекам да почнам да играм во овој дрес и да освојувам многу титули. Уште како дете ми беше сон да играм за Реал Мадрид и само сакам да уживам во овој момент“, изјави Азар на промоцијата.

Азар со „кралевите“ потпиша договор до 2024 година. Висината на трансферот изнесува околу 100 милиони евра, а поради бонуси во договорот, на неговиот довчерашен клуб Челзи ќе му припаднат дополнителни средства.

Прочитајте повеќе

60 години од атентатот врз Кенеди: Поблиску до вистината?

Со децении, филмаџиите и писателите се обидуваа да ја откријат вистината зад атентатот на Џон …