„Еден комуњар помалку“, „на сите од СДСМ им го посакувам тоа“ – Говор на омраза не ја одмина ниту смртта на младиот пулмолог

„Еден комуњар помалку“, „на сите од СДСМ им го посакувам тоа“ – Говор на омраза не ја одмина ниту смртта на младиот пулмолог

Ниту смртта на младиот пулмолог Трајче Нешковски не ги одмина експлицитните коментари, полни со говор на омраза. Додека пријателите, пациентите и сопартијците за последен пат се поздравуваа со својот другар на социјалните мрежи, откако вчера младиот живот згасна по сообраќајна несреќа, пристигнаа и крајно нечувствителни коментари како „еден комуњар помалку“,  „на сите од СДСМ им го посакувам тоа“, „пијан бил“, „не е од нашата земја“…

„Еден комуњар помалку“, „на сите од СДСМ им го посакувам тоа“ – Говор на омраза не ја одмина ниту смртта на младиот пулмолог

Во најтешките моменти по згаснат живот, злобните коментари ја зголемуваат и онака преголемата болка на семејството и најблиските, а уште потешко е да се читаат вакви небулози затоа што младиот Нешковски зад себе остави двегодишна ќеркичка.

Во текот на вчерашниот ден, речиси сите сопартијци во неверување се простуваа со својот пријател на Фејсбук и Твитер, меѓу премиерот, повеќе министри, како и министерот Филипче кој напиша дека е секогаш ќе биде горд на Нешковски.

Извор:ФРОНТЛИНЕ

Прочитајте повеќе

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Во раните утрински часови денеска дојде до краткотраен прекин во снабдувањето со електрична енергија на …