На 70-тата седница на Советот на општина Крушево, донесена е одлука за доделување на средства за набавка на дигитални алатки на основните училишта во општина Крушево.
Надополнувањето на блок дотацијата на ООУ „Никола Карев“ изнесува 700.000 денари, додека за ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во с. Бучин, таа изнесува 300.000 денари. Со овие средства ќе се набават дигитални алатки и ќе се олесни процесот на учење на следење на наставата на овој начин.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место