Незадоволни од откупните цени на земјоделските производи и од односот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, земјоделците од Пелагонискиот регион денеска, понеделник 14-ти септември, ќе го блокираат патниот правец Прилеп-Битола.
Блокадата ќе биде кружниот тек кај с.Тополчани и блокадата ќе трае 1 час, од 10.00 до 11.00 часот.
Според организаторите, се очекува протестот да го поддржат голем број земјоделци од Пелагонискиот регион.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место