За 160 ученици кои што постигнаа врвни резултати на државни и меѓународни натпревари, годинава за прв пат Општина Прилеп организира еднодневна едукативна екскурзија во Охрид.

Во рамките на оваа посета на македонскиот туристички бисер, учениците викендов ќе се запознаат со бројни историски споменици: Самоиловата тврдина, Плаошник, Канео, амфитеатарот, локалитетот Манчевци, црквата Света Софија и Куќата на Робевци.

Оваа екскурзија Општина Прилеп ја организира по повод националниот празник „11 Октомври“.