Во центарот на Прилеп пред Камената бина, денес се одржа едукативна кампања за носење на зимска опрема на возилата. Едукативната акција е во огранизација РСБСП, Министерство за внатрешни работи – Отсек за превенција при СВР – Битола, Полициска станица Прилеп и компанијата за увоз и извоз на пневматици „Мотоцентар“.

Кампања за употреба на зимска опрема за сезоната 2020/2021 има за цел  подигање на свеста кај возачите за употреба на зимска опрема и намалување на бројот на сообрајќајни незгоди во овој период од годината.

Обврската за користење на зимска опрема се однесува на периодот од 15 ноември до 15 март следната година и истата ги опфаќа  сите учесници во сообраќајот независно од тоа дали патуваат во населено место или надвор од населено место.

„Под зимска опрема се подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм, или летни пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм и синџири за снег на погонските тркала. Овој период од годината е карактеристичен по појава на дождови, голомразица, снег и токму затоа како РСБСП апелираме до сите учесници во сообраќајот на патиштата да не се случи да бидат изненадени или затекнати од времето. Напротив, да направат соодветна техничка проверка на возилото и да обезбедат соодветна зимска опрема со цел безбедно да пристигнат на посакуваната дестинација“, изјави Ристо Манчев од Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Манчев потенцираше дека Законот нуди две можности, од кои едната е со користење на летни гуми со минимална длабочина на шари од 4 милиметри и синџири за снег, а другата опција е користење на зимски гуми.

„Истражувањата покажуваат дека опцијата за користење на зимски гуми е поисплатлива во споредба со летни гуми со синџири . Зимските гуми, важно е да знаат граѓаните не се само гуми за снег, туку тие се идеални за температури под 7 степени Целзиусови. Во услови на ниски температури, летните гуми добиваат својство на пластика и пролизгуваат на коловозот. За разлика од тоа, во услови на ниски температури зимските гуми се направени од материјал кој што останува мек и обезбедува стабилен контакт со подлогата. Зимските гуми имаат таков дизајн и шара кој овозможува лесно истиснување на водата, снегот и остатоците од снег во споредба со летните кои се дизајнирани за други потреби . Предноста на зимските гуми е во тоа што тие обезбедуваат континуирана заштита. Синџирите за снег се монтираат по потреба, па со оглед на тоа дека влажните коловози и појаата на голомразица поради ниските температури во раните утрински и доцните вечерни часови, не може да биде изненадување“, додаде Манчев.

Во однос на користењето на зимски пневматици и нивниот економскиот ефект врз семејниот буџет, Манчев истакна дека истражувањата покажуваат дека, доколку се врши континуирана замена на летни и зимски гуми истите имаат подолг век на користење, за разлика од тоа кога би се користеле надвор од сезоната за која се наменети.

Од РСБСП апелираат до сите учесници да го почитуваат Законот и да поседуваат зимска опрема .

Доколку кај воозила со тежина до 3.500 килограми возачот поседува зимски гуми, нема задолжителна обврска за поседување на синџири за снег.

Санкционирањето во претстојната зимска сезона ќе биде согласно постојниот правилник за зимска опрема во автомобилите, со кој се пропишува казна од 15 евра.

Доколку возите во населено место, а не поседувате во возилото зимска опрема, глоба не се наплатува, бидејќи законодавецот согласно сеуште актуелниот ЗБСП, тоа не го бара во населените места, поаѓајќи од фактот дека во градовите има организирана зимска служба за

Кампањата за носење на зимска опрема започна на 15 ноември,  согласно законската обврска за носење на зимска опрема за сите учесници во сообраќајот и ќе треа до 15 март 2021 година.