Медиуми камери

Ефектот „Copycat“ и известувањето за самоубиствата на пациентите со ковид-19

Во Албанија, четворица пациенти хоспитализирани во таканаречените ковид болници „Шефќет Ндоќи“ и „Инвектив“, извршиле самоубиство скокајќи од прозорците и одделите каде што биле сместени, дејствија за кои Обвинителството во Тирана започна истрага. Самоубиства на пациенти заразени со вирусот ковид-19 не се пријавени во ниту една од земјите на Западен Балкан. Националните и меѓународните институции, како и високите медиумски власти повикуваат за претпазливост при известувањето за настаните од феноменот самоубиство, со цел да се избегне појавата „Copycat“, пишува Фактоје.

Според неофицијални податоци, „Фактоје“ тврди дека истраги водат двајца обвинители и за разјаснување на настаните, сослушани се членови на семејствата на жртвите, роднини и вработените и директорот на болницата „Шефќет Ндроќи“, Перлат Капизизи. Неофицијално се тврди дека обвинителите не откриле спорни податоци за разјаснување на причините, иако истражните дејствија продолжуваат.

Болницата „Шефќет Ндроќи“, каде имало три случаи на самоубиство, изрази убедување дека персоналот не покажал небрежност, барајќи од политичките и медиумските актери поддршка во работата што ја работат.

Според достапните информации, земјите во регионот како Северна Македонија, Косово, Србија, Црна Гора или Босна и Херцеговина не пријавуваат слични случаи од болниците. Во надвор од земјите од регионот пак, во некои европски земји, како што е Италија, има случаи на самоубиства на пациенти заразени со коронавирус додека престојувале во болниците.

Во услови кога сè уште нема официјални податоци за причините за самоубиство во универзитетските болници во Албанија, епидемиологот и продекан на Медицинскиот универзитет, Илир Алимехмети препорачува претпазливост при известувањето за овие типологии на случаи со цел да се избегне појавата “Copycat”.

„Според мене, проблем е што сите овие случаи се пренесуваат во медиумите. Тоа е многу добро позната појава, самоубиството „Copycat“ значи имитирано самоубиство. Тие ги имитираат случаите што се пренесуваат во медиумите. Ова е причината зошто ваквите случаи не треба да се пренесуваат во медиумите. Тие дефинитивно треба да се истражат, но не да се пренесуваат детално“ тврди во ТВ-интервју епидемиологот, Илир Алимехмети.

Феноменот или ефектот „Copycat“, исто така наречен „имитација“ е чин на самоубиство со имитирање на други претходни случаи. Според научните списанија, овој ефект главно се должи на претходните случаи во кои детално се презентирани случаи на самоубиство.

Аудиовизуелниот орган за медиуми во Албанија, побара од медиумските радиодифузери да избегнуваат детално известување за вакви случаи.

„Врз основа на последното известување од медиумите за сериозен случај на обид за самоубиство на пациент во Инфективната болница во Тирана, апелираме да се избегне деталното пренесување на ваквите депресивни акти. Пренесувањето во детали во екраните има влијание со депресивни оценки кај публиката,“ порачуваат од Аудиовизуелниот орган за медиуми во Албанија.

Научното списание „The Lancet“ исто така препорачува дополнителна претпазливост при известување за такви случаи бидејќи тие можат да предизвикаат слични дела кај публиката.

„Известувањата за ваквите дела може да имаат влијание врз зголемувањето на случаите на самоповредување или самоубиство кај општата популација. Ова е проблем што бара дополнително да се погрижиме за време на пандемијата ковид-19. Покривањето до чувствителните детали на случаите на самоубиство може да го зголеми ризикот со тоа што ќе придонесе за извршување на вакви дела од други лица“ – се вели во упатствата на научното списание „The Lancet“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …