Екатерини Сакеларопулу – прва жена избрана за претседател на Грција

Со 261 гласа „за“, од вкупно 300 пратеници колку што брои парламентот, грчкиот Парламент ја избра Екатерини Сакеларопулу за прва жена претседател на Грција.

Сакеларопулу е избрана на предлог на актуелниот премиер и претседател на Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис. Таа ќе ја преземе функцијата на 13 март, кога истекува мандатот на актуелниот шеф на државата Прокопис Павлопулос.

Екатерини Сакеларопулу има 63 години. На позицијата шеф на државата доаѓа од претседателското место во Советот на државата, кој е највисокиот суд во Грција. Истовремено, Сакаларопулу беше првата жена избрана за претседател на овој суд.

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …