Екипата на „Фенербахче“, победник на турнирот во мал фудбал „Св.Никола 2019“

Екипата на „Фенербахче“, победник на турнирот во мал фудбал „Св.Никола 2019“

Во натпревар достоен за финале, кој во целост ги оправда очекувањата на публиката, после изведувањето на пенали екипата на „Фенербахче“ од Кичево ја совлада екипата на „Бучин“ и заслужено стигна до првото место на деветтото издание на турнирот во мал фудбал „Св.Никола 2019“.

Второпласираните, играчите на „Бучин“ кои се најпријатнното изненадување на турнирот, пропуштија шанса да се искачат на највисокото место на пиедесталот, бидејќи во два наврата беа во водство а го промаршија и одлучувачкиот пенал за победа.

Прилепската публика присуствуваше на квалитетен натпревар и во борбата за третото место, во кој исто така на пенали, екипата на „Теа-Андреа“ го совлада фаворитот „Ресторан Путник“.

За најдобар играч на турнирот беше прогласен Ѓорѓи Стрезовски од „Бучин“, најдобар стрелец е Дарко Ранготов од „Фенербахче“, од каде дојде и најдобриот голман, Антонио Петровски.

Наградите на трите првопласирани екипи, како и на најдобриот играч, стрелец и голман, им ги врачи фудбалскиот репрезентативец на нашата држава, играчот на „Удинезе“, Илија Нестороски.

Прилепската „Универзална сала“ беше претесна да ги прими сите љубители на малиот фудбал, а големата посетеност и рекордниот број на пријавени екипи во трите категории, сениори, пионери и ветерани, беа главни карактеристики на годинешниот 9-ти турнир во мал фудбал „Св.Никола 2019“.

Турнирот беше од хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат наменети за лекување на младиот прилепчанец Дејан Најдоски, кој синоќа присуствуваше на финалниот натпревар.

Организатори на турнирот кој помина без ниту еден поголем проспуст, беа Локалниот спортски сојуз – Прилеп, Општина Прилеп и компанијата „Комфи Ангел“.

Прочитајте повеќе

Кривична пријава од СДСМ Прилеп за Јовчески

СДСМ Прилеп: Кривична пријава за градоначалникот Јовчески заради незаконски потпишан анекс на Договор за јавна набавка

Прес-конференција на Моника Грашеска Илиеска, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот …