Екипата на „Металург 2“ победник на меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“

Со доделувањето на наградите на најдобрите екипи и поединци, синоќа во спортската сала на ЕМУЦ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп, заврши меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“.

Победник на турнирот е екипата на РК „Металург 2“, на која пехарот за освоеното прво место ѝ го предаде градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Второто место им припадна на домаќините, екипата на РК „Прилеп“, третото го освоија ракометарите на ГРК „Тиквеш“, а четвртопласирана беше екипата на РК „Алушовски“.

За најдобар голман е прогласен Иван Ангелески од РК „Прилеп“, прв стрелец на турнирот со постигнати 19 голови е Јане Јанчев од ГРК „Тиквеш“, додека Глигор Гајиќ од екипата на „Металург 2“ е прогласен за најдобар играч.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …