Екипата на НКБ и Pound for Pound team првопласирана на Скопје Open 2018 во Бразилска Џиуџицу
1.Паунд фор паунд теам Битола
2.ММА Центар Тирана Албанија
3.Карлос Маја Скопје
-Бели појаси отворена категорија победи Борче Талевски
-Сини појаси отворена категорија победи Филип Божиновски кој е прогласен за најдобар БЏЏ борец на турнирот во не ваза.
„Следна дестинација за борби на нашиот тим е Нинберг, Германија, на Баварскиот куп за бразилска џиу џицу на 17 ноември. Најголем успех е тоа што на овој турнир најмногу победи имавме во сениорска конкуренција. Наскоро стартуваме со нашата детска група, па ќе може да се надеваме на уште повеќе настапи и во поголем број. На овој турнир настапивме со 3 деца, 1 кадет, 3 јуниори и дури 9 борци во адулт категорија над 18 години“, истакнува тренерот Сашко Мирчевски.
По одржувањето на турнирот, тренерот на битoлскиот клуб Сашко Мирчевски на својот фб профил напиша:
„Горд на моите ЛАВОВИ кои настапија одлично на денешниот меѓународен турнир за Бразилска Џиуџицу или Ne Waza.Сите се бореа храбро,разумно со голема желба и мотив и прикажаа одлични борби со најразлична игра од subbmisions armbar, tranglechoke, RNC…како и одличен timing, контрола во партер , добра физичка подготвеност , супер технички движења и транзиции , снајдителност и решителност.
Ги добивме и двете апсолутни категории, борец на турнирот во BJJ како и најзначајното прво тимско место за нашиот P4P team Macedonia. Продолжуваме напред“.
Извор: novost.mk