Екологистите од Пендаровски и Заев бараат активирање на АРМ и МВР за справување со нелегалните огнови

Екологистите од Пендаровски и Заев бараат активирање на АРМ и МВР за справување со нелегалните огнови

Граѓанските здруженија за заштита на животната средина денес побараа од претседателот на државата Стево Пендаровски и од премиерот Зоран Заев со активирање на војската и на полицијата да се справат со енормното загадување на воздухот. Повикувајќи се на уставно загарантираното право на здрава животна средина, активистите на „Скопје Смог Аларм“, „О2 Иницијатива“, „Еко Герила“, „Мој воздух“ и „Битола сака чист воздух“ во отвореното писмо упатено до Пендаровски и Заев бараат од првите луѓе на државата да активираат припадници на армијата и полицијата во борбата со нелегалните палења на отворени огнови кои предизвикуваат аерозагадување.

Секојдневно сме сведоци на запалени депонии, палење на оган на отворено и шумски пожари, кои го загрозуваат здравјето и физичкиот интегритет на граѓаните, се вели во писмото на екологистите. За таа цел тие бараат припадници на армијата и полицијата – во координација со сите капацитети на Дирекцијата за заштита и спасување, Регионалните центри за управување со кризи, Општинските штабови за заштита и спасување, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот комунален инспекторат, Инспекторат на Град Скопје и инспекторатите на општините да организираат секојдневни патроли на припадници на армијата и полицијата на терен со цел да се превенира и санкционира палење огнови на отворено, пред сè палење на отпад и диви депонии и ноќни дежурства на припадници на армијата и полицијата со помош на припадници на ДЗС и РЦУК и општинските штабови за ЗиС на критични точки во Градот Скопје и низ Републиката, кои се најфреквентни места за палење на огнови на отворено.

Граѓанските здруженија бараат АРМ и МВР да организираат редовни патроли на припадници на армијата во национални паркови и планински предели кои се најфреквентни и најподложни на пожар, откако уледи серија на пожари во планинските предели во сезона кога тоа не е вообичаено.

Исто така, од војската и полицијата се бара да учествуваат во едукација на граѓаните на терен за штетните последици од палењето на огнови и отпад на отворено, од здравствен аспект.

Од кабинетот на претседателот на државата за „Мета.мк“ информираат дека писмото на граѓанските здруженија е примено и дека во моментов се разгледува. Оттаму најавуваат дека ќе бидат консултирани и сите оние институции кои екологистите ги наведуваат во своето писмо како надлежни за справување со проблемот со палењето огнови на отворено, а кај претседателот ќе бидат повикани и еко-активистите кои му го упатија писмото за со нив да се продискутираат сите можни опции за мерки и активности, краткорочно како и подолгорочни, за решавање на овој еколошки проблем.

Од владата пак, до објавувањето на овој текст, немаше официјална реакција на писмото на „О2 Иницијативата“ и другите здруженија.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …