Економско закрепнување годинава и раст на извозот од 15,2 отсто, предвидува НБРСМ

Поради падот на извозната побарувачка за наши стоки и услуги во текот на ланската  година, извозот забележа пад од 10,1 отсто, но податоците за првиот квартал од оваа година упатуваат на солиден раст на извозот. За годинава се проектира постепено закрепнување на странската побарувачка и раст на извозот од околу 15,2 отсто, што е значајно за закрепнувањето на економијата, по шокот од ковид пандемијата.

Ова, меѓу другото, го истакна гувернерката на Народната банка на Северна Македонија (НБРСМ), Анита Ангеловска-Бежоска, на вебинарот за улогата на монетарната политика во период на корона-криза и на макроекономските проекции за 2021 година, организиран од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

„Како мала економија, за нас е од клучно значење закрепнувањето на глобалната економија, односно на нашите најзначајни трговски партнери. ММФ превидува раст на европската економија од 4,4 отсто, а 3,6 отсто на германската економија, на која отпаѓаат над 50 отсто од нашиот извоз. Особено е значајно што се очекува солиден раст на германската индустрија поради вклученоста на домашните производствени капацитети во германските синџири на производство на автомобили“, истакна таа и додаде дека ризиците за проекцијата се главно поврзани со времетраењето на пандемијата, спроведувањето на вакцинацијата и продолжувањето на економските мерки.

Според макроекономското сценарио на НБРСМ за периодот 2021-2023 година, се очекува дека во 2021 година ќе има постепено закрепнување на домашната економија, а растот ќе биде поддржан и од банкарскиот систем. „Економскиот раст нема да предизвика поголеми притисоци врз инфлацијата, која главно би се задржала на умерено ниво“, посочи гувернерката.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

банкноти пари плата пензии

MOН досега исплатило 48.000 ученици, парите за јануари – идната недела

Се соочуваме со предизвик што често се доставуваат неточни податоци, односно трансакциски сметки на родители …