Економското училиште „Кузман Јосифоски- Питу“ го одбележа патрониот празник

Економското училиште „Кузман Јосифоски- Питу“ го одбележа патрониот празник

Средното училиште „Кузман Јосифоски – Питу“ од Прилеп и прилепската организација на Сојузот на борци,  денеска ја одбележаа 74 годишнината од смртта на народниот херој, Кузман Јосифоски-Питу, еден од организаторите на антифашистичкото движење. Делегации од Општина Прилеп,  Сојузот на борци, СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, здруженија и граѓани денеска  положија свежо цвеќе  пред спомен бистата во Алејата на народните херои и пред споменикот на Кузман Јосифоски – Питу во центарот на градот.

На пладне се одржа Свечена академија во театарот „Војдан Чернодрински“.

„Годинава се навршуваат 74 години од смртта на Кузман Јосифоски – Питу, токму по тој повод денеска го славиме патрониот празник на нашето училиште. Нашите ученици го поддржуваат ликот и делото на Питу, преку современа настава што овозможува учениците да се оформат во стручни кадри во економската, правната и трговската струка. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на локалната самоуправа и на градоначалникот Илија Јованоски кој што ги поддржува нашите проекти, давајќи придонес во развојот на училиштето кое што ги следи сите современи трендови“, истакна Билјана Маркоска, в.д директор на СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“

Од боречката организација се осврнаа на делото на народниот херој.

„Народниот херој, Кузман Јосифоски – Питу е еден од основоположниците на АСНОМ и еден од најзаслужните револуционери во НОБ. Прилеп треба да се гордее со такви личности како Кузман Јосифоски – Питу, а и училиштето што го носи името на еден најзаслужен првоборец и организатор на востанието“, рече Круме Соколоски, претседател на боречката организација.

Со осврт кон богатата револуционерна биографија на херојот, со рецитал и песни, учениците и професорите на економското училиште во Прилеп, на оваа свечена академија му оддадоа достојна почит на првоборецот Кузман Јосифоски-Питу. Акцент беше ставен на периодот од студентските денови, на неговата посветеност и заложба за идејата за подобар живот на македонскиот народ.

Во рамки на одбележувањето на партониот празник, училиштето е организатор и на меѓу училишни спортски натпревари и литературно читање за младите поети и писатели.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …