ЕКСПЕРТИ: ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА СЕ СЕТАТ ШТО ВЕТУВАЛЕ И СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ДА БИДАТ СО ОТВОРЕНИ ЛИСТИ И ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

ЕКСПЕРТИ: ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА СЕ СЕТАТ ШТО ВЕТУВАЛЕ И СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ДА БИДАТ СО ОТВОРЕНИ ЛИСТИ И ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

Ќе ја добијат ли помалите партии својата шанса за пратеник во Собранието, a граѓаните можностa да го одберат својот кандидат, наместо да гласаат за листа која ја прави лидерот на партијата – партиите се очекува во наредните денови да отворат дебата за ова прашање и да донесат конечен став дали се за или против отворени листи и помал број изборни единици.

Според експертите пропорционалниот модел е добар – велат со него ќе се подобри квалитетот на избраните пратеници. Политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски вели највената промена на изборниот модел ќе значи аполутна демократизација на целокупниот политички систем во Македонија.

Со барањето на помалите политички партии за време на парламентарните избори освен за политичка партија гласачите ќе имаат шанса да заокружат и поединечни кандидати од листата на пратеници, односно им се отвара можност самите да ги избреат пратениците.

Поддршка за измена на Изборниот законик, односно носење нов кој предвидува пропорционален модел, отворени листи и помалку изборни единици дадоа и помалите политички партии. БЕСА, Алтернатива на Гаши и Алијансата за Албанците дадоа зелено светло за отворените листи.

„Ние сме за отворени листи, три изборни единици ќе биде соодветниот модел за измени во Изборниот законик“, велат од Алијанса за Албанците.

Најголемите политички партии во земјава – СДСМ и ДУИ вечра позитивно одговорија на предлогот за дебата по ова прашање, од ВМРО-ДПМНЕ пак посочија прво да го видат решението па ќе го кажат своето мислење. Поддршка и повик за дебата вчера дојде и од претседателскиот кабинет. Со отворените листи граѓаните ќе имаат слобода на избор при гласањето, бидејќи ќе се цени личноста, а не само партијата- на овој детаљ предочи и Пенадровски во писменото соопштение од неговиот кабинет.

Прашањето за измена на Изборниот законик долго време тлее на политичката сцена. Сегашната власт, во минатото во своите предизборни кампањи како тогашна опозиција ветуваше промена на изборниот модел но договор не беше постигнат. Според експертите останува отворено прашањето дали ќе дојде до договор -предлог закон засега се уште не е во собраниска процедура.

Извор: ТВ24

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …