Експлозија на гас во ресторан во Кина уби најмалку 31 лице

Експлозија на гас во ресторан во Кина уби најмалку 31 лице

Во експлозија во ресторан во кинескиот град Јинчуан загинаа најмалку 31 лице. Причината била истекување на гас.

Експлозијата во ресторанот се случила вчеравечер (21.06), во центарот на градот Јинчуан, во предвечерјето на тридневен фестивал на чамци со змејови, кога многу Кинези излегуваат и се среќаваат со пријатели. Во несреќата животот го загубиле најмалку 31 лице, а седуммина се повредени. Еден од повредените е во животна опасност, а двајца други имаат тешки изгореници, јави агенција Ксинхуа.

Спасувачки екипи на местото на експлозијата
Спасувачки екипи на местото на експлозијата

Кинескиот претседател Ши Џинпинг нареди опсежна истрага за експлозијата, за која се претпоставува дека била предизвикана од истекување на гас. Кинеските државни медиуми, повикувајќи се на информации од комитетот на Комунистичката партија во кинеската провинција Нинџија, јавуваат дека прво експлодирал резервоар со гас на приземјето од објектот, а потоа пукнала и цевка за гас на првиот кат.

Во меѓувреме се уапсени девет лица, меѓу кои и менаџерот и еден од акционерите во ресторанот, како и други вработени. Градската управа на Јинчуан извести дека еден час пред несреќата еден од вработените и еден готвач почувствувале мирис на гас и утрвдиле дека е расипан вентил на резервоарот за гас. Друг вработен бил испратен да купи нов вентил. До експлозијата дошло, како што се вели, во моментот кога требало да се смени вентилот. Засега е непознато зошто ресторанот не бил евакуиран веднаш откако бил почувствуван мирис на гас. По несреќата се евакуирани луѓето од куќите околу ресторанот, како и хотел кој е во околината.

Прочитајте повеќе

По Франциско: Што ќе се смени со смртта на папата

По Франциско: Што ќе се смени со смртта на папата

Станува збор за сцена непосредно пред неговата смрт: папата Франциско седи во инвалидска количка и …