Експлозија во Цетиње, двајца загинати, тројца повредени

Експлозија во Цетиње, двајца загинати, тројца повредени

Во Цетиње денеска била активирана експлозивна направа при што загинале две лица, а три биле повредени, соопшти Управата на полицијата.

Загинаа Петар Калуѓеровиќ и Драган Рогановиќ, едниот на лице место, а другиот подоцна им подлегнал на повредите, потврди Предраг Милошевиќ – началник на одделот хирургија во болницата во Цетиње.

Од тројцата повредени, четириесет и шестгодишниот Ташо Јовановиќ е префрлен во Клиничкиот центар во Подгорица, а Десанка Вујовиќ и Михаило Борозан се задржани во болницата во Цетиње.

Експлозијата се случила по 9 часот пред влезот во Спортскиот центар кој е во близина на основното училиште и автобуската станица.

Место на експлозија во Цетиње, Црна Гора. Извор РТВ Цетиње.
Место на експлозија во Цетиње, Црна Гора. 

Службеници на полициската управа во координација со Вишото државно обвинителство во Подгорица преземаат интензивни мерки и дејствија за кои јавноста ќе биде информирана“, соопштија од полицијата.

Од силината на експлозијата искршени се стаклата на зградата на Спортскиот центар, а откорнато е и дрво, јавува РТВ Цетиње.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Трајко Славески е кандидат за гувернер на Народната банка

Трајко Славески е кандидат за гувернер на Народната банка

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го предложи проф. д-р Трајко Славески за нов гувернер на Народната …