Екстерното се укина, државното никако да почне

Екстерното се укина, државното никако да почне

На почетокот на оваа учебна година, заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов најави дека државата ќе спроведе тестирање на државно ниво кое треба да ги замени екстерните тестови.

Првото тримесечие од оваа учебна година измина, а сè уште е неизвесно од кога би почнало да се спроведува ова тестирање.

Министерот Арбер Адеми досега не ја информирал подетално јавноста во врска со оваа новина, а не одговара ниту на нашите телефонски повици.

За „Мета“, Атанасов вели дека има волја и кај странците и кај одговорните во Државниот испитен центар (ДИЦ) ова тестирање да се реализира.

– ДИЦ е расположен да понуди и има капацитет, да работи на идејата „Национално тестирање“ бидејќи тие ја работат и матурата, а и странци се заинтересирани да ни помогнат. Во моментов тие анализираат, се бараат одговори зошто имаме слаби резултати на ПИСА и на другите меѓународни тестови. Тешко е да се одговори кога ќе започне да се спроведува. Треба да се има предвид дека сите масовни тестирања се прескапи и пресложени – вели Атанасов.

Во овој момент нема тестирања во образованието освен државната матура и влезни тестови во некои училишта што се полагаат при упис.

– ДИЦ треба да предложи, и ние како министерство, со закон треба заеднички да го спроведеме националното тестирање. Јас сметам дека не смее тоа да се реализира секоја година и не смее да се спроведува секаде. И се разбира, тоа треба да постои за потребите на политиките на министерството, а не да влијаат резултатите на успехот на учениците – додава тој.

Атанасов во септември првично изјави дека се планира учениците да бидат тестирани двапати во текот на основното образование. Еднаш во четврто одделение, а вторпат во деветто одделение. Ваков модел се спроведува во Словенија.

Во Македонија до минатата година имаше екстерно тестирање, кое поранешната министерка за образование и наука Рената Дескоска го укина. Сите оценки беа впишувани во свидетелствата, дури и единиците, кои исто како и другите оценки влегуваа во просечниот успех.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

Реакција на Кети Смилеска, директорка на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп на вчерашната изјава …