Електронските патарини ќе стартуваат од мај

Електронските патарини ќе стартуваат од мај

Повеќе од четири години по потпишувањето на договорот, системот за електронска наплата на патарините во Македонија стигна до финалната фаза на имплементација. За таа цел е изграден контролен центар за мониторинг на наплатните станици, кој наскоро ќе започне да функционира. Лоциран е до наплатната станица во Петровец и е дел од инвестицијата за модернизација на патарините тешка 18,6 милиони евра. Преку него ќе се следи работата на сите наплатни станици и ќе се регулира сообраќајот на автопатната мрежа во земјава, со што ќе се олесни протокот на возила на патарините. Досега целосно модернизирани и проширени се наплатните станици Романовце, Отовица и Сопот, Петровец и Миладиновци се во завршна фаза, а оние кај Градско, Демир Капија и Гевгелија се во изградба. Електронската наплата на патарините на автопатот од Табановце до Богородица треба да стартува во мај. Делниците од Скопје кон Гостивар ќе бидат додадени во втората фаза, а наплатните станици на автопатот кон Штип допрва треба да се изградат.

Наплатата на патарините ќе се одвива комплетно електронски преку бесконтактни смарт-картички. Картичките ќе можат првично да се купуваат пред патарините, а подоцна и низ другата продажна мрежа и ќе може лесно да се надополнуваат. Оние кои патуваат многу ќе можат да набават микробранови транспондери со кои ќе поминуваат низ наплатните станици без застанување, со брзина до 30 километри на час. На почетокот наплатата на патарините ќе може да се врши и во готово. За спроведување на овој проект во ноември 2014-тата беше ангажирана турската компанија Aselsan и за него беше предвиден рок од година и половина.

Електронските патарини ќе стартуваат од мај

Извор: Авто Магазин

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …